четврток, 23 април 2026

Мбапе има план кој не му се допаѓа на ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Нова епизода во сапунската опера за Килијан Мбапе, францускиот фудбалер решил следното лето да си замине како слободен играч.

Тој има уште една сезона од актуелниот договор со ПСЖ, решил да ја одигра и таа, и во летото 2022 да си оди како слободен играч.

ПСЖ бараше огромни пари за Мбапе, а сега доаѓа во ситуација да го загуби бесплатно.

Мбапе како слободен играч би можел да добие уште поголема плата од следниот клуб со оглед на тоа што тие нема да треба да плаќаат обесштетување на ПСЖ за ангажманот на напаѓачот.

Реал Мадрид е клубот кој најсилно се поврзува со Мбапе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ