понеделник, 27 април 2026

Манчестер Сити го потопи мизерниот Арсенал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Три кола, три порази за Арсенал, ниту еден даден гол. Топчиите денеска на Етихед се претставија во едно мизерно издание кое беше тешко за гледање од страна на нивните навивачи.
 
Резултатот го отвори Гундоган уште во седмата минута од натпреварот, а пет минути подоцна Феран Торес постигна погодок за 2-0.
 
Во 35. минута Гранит Џака поради опасен старт доби директен црвен картон, ситуацијата на Арсенал дополнително се влоши.
 
Пред крајот на првото полувреме по асистенција од Грилиш, Габриел Жесус постигна гол за водство од 3-0.
 
По осум минути игра во вториот дел Родри убаво пласираше една топка од далечина за 4-0.
 
Серијата на Манчестер Сити ја затвори Феран Торес со гол во 84. минута од натпреварот по убава асистенција од Махрез.
 
Најдобар кај Арсенал денеска беше голманот Лено, неколку негови убави одбрани спречија и поголем дебакл.
 
По три одиграни меча Арсенал е последен со девет примени голови, ниту еден даден, без бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ