понеделник, 27 април 2026

Манчестер јунајтед постави нов рекорд, Гринвуд стрелаше за победа против Вулверхемптон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ со цел плен си заминаа од незгодното гостување на „Молињу“, Мејсон Гринвуд беше херојот со гол во финишот од мечот. 

На десет минути пред крајот, Погба доби еден дуел со Невеш, Варан веднаш го проигра Гринвуд, кој од косо биеше силно и успеа да го солвада голманот Са, кој можеше подобро да реагира. 

Претходно, двата тима имаа свои шанси, Ван Бисака расчистуваше од гол линија по ударот на Тринкао, а Давид Де Хеа се истакна со извонредна двојна интервенција. 

Со овој резултат, Манчестер јунајтед постави нов рекорд и стана првиот тим во Анлија кој на 28 натпревари во низа како гостин во Премиерлигата не знае за пораз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ