недела, 26 април 2026

Манчестер јунајтед изедначи рекорд на „непобедливиот“ Арсенал, Тотнем славеше кај Волвс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ изедначија рекорд на „непобедливиот“ Арсенал од 2003-2004 година, но Оле Гунар Солшер нема да биде многу задоволен бидејќи се испуштени два бода. Манчестер јунајтед одигра 1-1 кај Саутемптон и на 27 натпревари во низа во Премиерлигата е без пораз на гостински терен.

Саутемптон поведе по половина час игра, Фред си ја затресе сопствената мрежа при обид да го изблокира ударот на Че Адамс. Гостите изедначија во 55. минута, Гринвуд донесе 1-1 на асистенција на Погба.

На вториот денешен натпревар од 15 часот во Премиерлигата, Тотнем славеше со 0-1 кај Вулверхемптон. Стрелец на погодокот вреден три бода беше Деле Али од пенал во 9. минута.

Добра вест за „спарси“ е враќањето на Хари Кејн, напаѓачот влезе во игра во второто полувреме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ