вторник, 28 април 2026

Македонија У21 одигра реми на гостувањето кај Фарски острови

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Драган Канатларовски лошо го почнаа мечот, примија наивен гол по една лоша интервенција на одбраната уште во осмата минута одд мечот. Андреас Јохансен погоди за водство на Фарските острови од 1-0.
 
Како одминуваше мечот Македонија стануваше подобра и почнуваше да создава шанси кон противничкиот гол, сепак првиот дел се заврши со водство на домаќинот.
 
Во вториот дел брзо израмнивме, во 55. минута Марко Ѓорѓиевски откако помина неколку играчи на Фарските острови, убаво пласираше за 1-1.
 
Македонија продолжи да напаѓа, но не успеа да постигне втор гол. На 15 минути до крајот Ѓорѓиевски даде уште еден гол, но му беше поништен поради офсајд.
 
По три одиграни меча во квалификациите, Македонија има две нерешени и еден пораз.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ