вторник, 28 април 2026

Мајката на Мбапе најавува пресврт: Преговараме со ПСЖ за нов договор, работите одат добро

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе оваа недела даде интервју за Радио Монте Карло и Л’Екип, напаѓачот си ја отвори душата откако му пропадна трансферот во Реал Мадрид. Французинот не сакаше да говори за својата иднина, но од она што го кажа, се доби впечаток дека ќе замине од Париз по крајот на сезоната.

Нешто слично сугерираше и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој порача дека во јанури ќе има вести за трансфер на Килијан Мбапе.

Сепак, мајката на фудбалерот сега најавува пресврт, Фајза Ламари во разговор со Ле Паризеиен откри дека се водат преговори за продолжување на договорот.

„Преговараме со ПСЖ и работите одат добро. Разговарав со Леонардо во понеделникот. Дали ќе најдеме решение? Едно е сигурно, Килијан ќе го даде максимумот за да ја освои Лигата на шампионите. Килијан мора да биде среќен, доколку е тажен, подготвен е да каже, „Ставам крај на кариерата“, и ова го кажува прилично често. Со Килијан, работите знаат да се менуваат од ден во ден“ – вели Фајза Ламари.

За желбата на Килијан Мбапе да замине од Париз, таа вели: „Ги разбирам фановите, но негов сон е да игра во Реал Мадрид“.

Таа исто така додава дека Килијан Мбапе не се наоаѓа во лесна позиција при изборот на следниот чекор: „Да остане во ПСЖ или да се пресели во Реал Мадрид, е исто како да треба да одбере еден од родителите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ