Мечот меѓу Германија и Португалија изобилуваше не само со голови, туку и со многу шанси на двете страни, на крајот домаќинот ги освои трите важни бодови.
По една одлична акција во 15. минута, Кристијано Роналдо донесе водство за Португалија од 1-0.
Потоа следуваше нешто што никој не го очекуваше, Португалија за четири минути успеа да си постигне два автогола. Во 35. минута Диаш си ја затресе мрежата, а во 39. минута тоа го направи и Гереиро. Германија на полувремето водеше со 2-1.
По шест минути игра во вториот дел Госенс асистираше до Хаверц кој постигна гол за водство од 3-1 на Германија. Првиот гол на Германец на овој натпревар.
Во 60. минута и самиот Госенс се запиша во листата на стрелците, тој беше најдобриот германски играч на овој меч, Германија имаше 4-1.
Течеше 67. минута кога Роналдо асистираше до Жота, а тој од лесна позиција реализираше за 4-2.
До крајот на мечот Португалија се обидуваше да се врати со уште еден погодок и имаше шанси за тоа, Ренато Санчез со прекрасен удар од далечина ја погоди стативата на Нојер.
На крајот Германија заслужено се радуваше на победата и работите во групата Ф станаа комплицирани, ништо нема да се знае до последното коло.
Франција е прва со четири бода, Германија и Португалија имаат по три, Унгарија е последна со еден бод.






