Енис Барди мечот го почна од клупата, во игра влезе во 78. минута и имаше заслуга за третиот погодок на Леванте.
Натпреварот почна со гол на Реал Мадрид, Герет Бејл погоди уште во петтата минута за водство од 1-0. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме.
Во првата минута од вториот дел Роџер изедначи на 1-1, а десет минути подоцна Кампања реализираше за комплетен пресврт и водство на Леванте од 2-1.
Во 73. минута Реал Мадрид преку Жуниор Винисиус успеа да изедначи на 2-2.
Но само шест минути подоцна второ водство за Леванте. Барди нафрлри во шеснаесетникот, топката се одби до Робер Пјер кој постигна гол за предност на својот тим од 3-2.
Сепак одличниот Жуниор Винисиус не дозволи Реал Мадрид да загуби, постигна мајсторски гол во 85. минута за конечени 3-3.
Две минути подоцна голманот Леванте доби црвен картон по една интервенција надвор од шеснаесетникот. Па последните минути домаќинот ги играше со фудбалер помалку но Реал Мадрид не го искористи тоа за да дојде до победа.






