Реал Мадрид оваа недела достави понуда вредна 160 милиони евра за услугите на Килијан Мбапе, предлог кој веднаш беше одбиен. По серијата шпекулации, Леонардо денеска разговараше со новинарите и го пренесе ставот на ПСЖ.
Спортскиот директор вели дека „светците“ не сакаат да го продадат напаѓачот, нивната намера е да го задржат Килијан Мбапе и да му го продолжат договорот. Секако, нема да го држат играчот сосила, и тој ќе може да замине но под нивни услови.
Леонардо исто така верува де Реал нема искрени намери да го купи Килијан Мбапе ова лето и само поставува терен за Французнот беспари да се пресели во Мадрид по 12 месеци.
„Оваа понуда, на 7 дена пред крајот на преодниот рок, ми изгледа како на стратегија на Реал Мадрид да добие негативен одговор од нас и потоа да каже дека сториле се што можеле да го ангажираат оваа лето, па да почнат да преговараат за догодина беспари да го добијат Килијан Мбапе“ – вели Леонардо.
„Реал Мадрид веќе две години покажува непочитување кон нас, се однесува на некоректен и нелегален начин со оглед на тоа дека нема право директно да стапи во контакт со играчот. Ова е неприфатливо“.
„Исто така, Килијан постојано ни велеше дека нема да замине бесплатно, па секако дека не сме среќни“.






