Даниел Леви во изминатите неколку месец направи повеќе потези кои не одат во прилог на задржување на Хари Кејн.
Најпрво го избрка Мурињо пред финален меч, а ова лето го назначи Нуно Еспирито Санто кој можеби е и добар тренер, но нема шампионско педигре како тренер.
Амбициите на Хари Кејн се да освојува трофеи, а Леви не само што не го подобрува тимот, туку создава се попросечна екипа.
Напаѓачот е решен да замине во клуб каде што ќе може да освојува трофеј, веројатно во Манчестер Сити.
Според „Телеграф“ неколу соиграчи на Кејн од репрезентацијата веруваат дека тој нема да ги почне подготовките со Тотнем, ќе сака да изнуди трансфер.
На неколку фудбалери во минатото им успеала оваа тактика, дали ќе биде така и со Кејн останунва да видиме.






