Пристигна потврда на гласините кои се појавија доцна синоќа, Реал Мадрид го ангажираше Едуардо Камавинга, 18 годишното момче се обвраз кон „кралевите“ до 30. јуни 2027 година.
Детали од зделката не беа откриени, а низ медиумите има различни информации за висината на трансферот.
Едни извори велат дека се работи за трансфер вреден 30 милиони евра, плус додатни 15 милиони евра во бонус. Други извори пак пишуваат за зделка од 31 милион евра, плус додатни 9 милиони евра во боуси.
Во двата случаи, сумите се далеку помали од она што Рен го бараше пред 12 месеци, кога постави цена од високи 100 милиони евра.
⚽️✨ Presenting @Camavinga…#WelcomeCamavinga pic.twitter.com/UKeZjpb2tq
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) August 31, 2021






