понеделник, 27 април 2026

Јувентус одигра очајно на првиот меч без Роналдо, пораз од Емполи во Торино (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус одигра меч против Емполи кој брзо ќе сака да го заборави, беа огромен фаворит против Емполи но загубија на свој терен.
 
Емполи даде гол во 21. минута, стрелец беше Манкузо, тоа беше единствениот погодок на мечот.
 
Во првото полувреме имаше и еден контроверзен момент кога Дибала беше фаулиран во шеснаесетникот на Емполи, но судијата сметаше дека тоа не е прекршок за пенал.
 
Во второто полувреме се очекуваше доминација на Јувентус за пресврт на мечот, но тоа не се случи, поседот на топката беше речиси израмнет, а домаќинот не успеваше да создаде посериозни шанси.
 
Тоа беше прв меч на Јувентус без Роналдо. Алегри ќе има многу работа, бидејќи неговите момци денеска изгледаа без идеја.
 
По првите две кола Јувентус има осовено само еден бод иако играше против Удинезе и Емполи.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ