Со гол на Киеза на самиот старт од второто полувреме, Јувентус со 1-0 го победи Челси.
Тимот на Алегри главно играше дефанзивно, особено по дадениот гол. Челси имаше посед, се мачеше да создава шанси, одбраната на Јувентус беше беспрекорна и ја задржа предноста.
Барселона доживеа нов тежок пораз во Лигата на шампионите, овој пат неочекувано загуби со 3-0 од Бенфика. Нуњез даде два гола, Силва реализираше еден.
Кристијано Роналдо со гол во 95. минута му донесе победа на Манчестер јунајтед од 2-1 против Виљареал.
Претходно Виљареал поведе со гол на Алкасер во 53. минута, а седум минути подоцна Телес постигна прекрасен погодок за израмнување на 1-1.
Баерн Минхен со убедливи 5-0 го победи Динамо Киев, два гола постигна Левандовски, по еднаш реализираа Гнабри, Сане и Чупо Мотинг.
Салцбург со 2-1 го победи Лил, Волсбург и Севиља одиграа нерешено 1-1. Претходно Зенит со 4-0 беше подобар од Малме, Аталанта со 1-0 славеше над Јанг Бојс.






