Италија реди победи, и тоа не било какви туку без да прими гол. Азурите на Роберто Манчини денеска го победија Велс со 1-0.
Манчини за овој меч извади речиси целосно нов состав, но и тој беше доволен за да се победи.
Погодокот го посотигна младиот Песина во 39. минута по асистенција на Верати.
Велс од 55. минута играше со фудбалер помалку откако Ампаду заработи црвен картон.
Швајцарија со 3-1 ја победи Турција. Турците со три порази, еден даден гол и дури осум примени се најголемото разочарување на Европското првенство.
Швајцарија одлично го почна мечот, со голови на Сеферовииќ и Шаќири, имаа предност од 2-0 по само 26 минути игра.
Во 62. минута Кавечи со убав погодок ја врати Турција во игра, но само осум минути подоцна Шаќири постигна нов гол за конечни 3-1.
Првото место во А групата го освои Италија со девет бода, Велс е втор со четири, исто толку има и Швајцарија но тие се трети поради послаба гол разлика, Турција е последна без бодови.






