сабота, 25 април 2026

И Ал Ахли се откажува од Алиоски, барал премногу пари?

Објавено на

часот

Сподели

Се чини дека Алиоски нема да се пресели ниту во Ал Ахли, информациите велат дека дури ни клубот од Саудиска Арабија не можел да ги исполни барањата на нашиот фудбалер.

Новинарот Педро Алмеида тврди дека трансферот нема да се реализира.

„Договорот е прекинат меѓу Алиоски и Ал Ахли, има разлики во платата, македонскиот фудбалер сега сака 2,5 милиони по сезона за да потпише за клубот“, вели тој.

Синоќа и тренерот на Галатасарај, Фатих Терим изјави дека не потпишале со Алиоски поради неговите големи барања за плата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ