Продажбата на хрватскиот сектор на стадионот во Копенхаген започнала денеска во 11 часот, а во 15 часот веќе биле распродадени сите билети, објави Хрватската фудбалса федерација и најави голема поддршка за фудбалерите.
За разлика од Шкотска каде не можеа да присуствуваат многу хрватски навивачи поради строгите ковид мерки и карантнот од 10 дена, во Копенхаген ќе биде поинаку, Хрватите ќе имаат сериозна предност.
Натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија се игра на 28 јуни од 18 часот, победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе вкрсти со подобриот од мечот меѓу Франција и Швајцарија.






