понеделник, 4 мај 2026

Гави игра за ситни пари, Барселона ќе ја поправи неправдата и ќе му ја зголеми платата за 20 пати

Објавено на

часот

Сподели

Гави е вистинско откритие оваа сезона, светот за него слушна кога сосема неочекувано доби повик од Луис Енрике за завршницата од Лигата на нации, и со својот настап во победата над Италија во полуфиналето, со 17 години и 62 дена стана најмладиот фудбалер кој дебитирал за шпанската репрезентација.

Изминатиов викенд, Гави постигна прекрасен гол против Елче и стана третиот најмлад стрелец во историјата на Барселона и уште еднаш покажа дека станува збор за вонсериски талент.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, младата ѕвезда игра за ситни пари и има годишна плата од само 100.000 евра. „Каталонците“ се свесни дека оваа сума не соодветствува со статусот на Гави па напорно работат на обнова на договорот и се водат преговори за нова соработка и плата помеѓу 1,5 и 2 милиони евра.

Во новиот договор ќе биде корегирана и откупната клаузула, која сега е поставена на 50 милиони евра, сума која лесно може да бидае платена од останатите гиганти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ