вторник, 28 април 2026

Фудбалерите му даваат поддршка на Куман, но што размислува раководството?

Објавено на

часот

Сподели

Барселона синоќа доживеа дебакл откако со 3-0 загуби од Бенфика, најголемиот дел од шпанските медиуми прогнозираат дека тоа беше последниот натпревар на Куман на клупата на каталонскиот тим. Имаше и насловни од типот: „Куман си го ископа гробот во Лисабон“.
 
„Спорт“ пишува дека раководството на Барселона денеска ќе ја решава иднината на Куман.
 
Проблем би можело да бидат финансиите со оглед на тоа дека клубот ќе треба да му плати обесштетување на Куман, а и плата на новиот тренер.
 
Но се верува дека Лапорта ќе најде решение за тоа и Куман е поблиску до отказ отколку до останување на Камп Ноу.
 
 Фудбалерите сепак сметаат дека тоа не е решение за излез од кризата.
 
„Лесно е да го отпуштите тренерот… вистината е дека сите ние сме одговорни за ситуацијата. И да бидам искрен ситуацијата е критична“, вели Серхио Бускетс.
 
Со него се согласува и Френки де Јонг кој вели: „Според мене не е решение да се промени тренерот“.
 
Куман вели дека ја чувствува поддршката од фудбалерите, но не знае што мисли раководството.
 
„Ја чувствувам поддршката од моите фудбалери тука во Барселона. А од клубот? Не знам…“, изјави Куман по мечот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ