петок, 24 април 2026

Флорентино Перез за скандалозните снимки: Зачуден сум од тајмингот, никој не сакаше да ги купи со години

Објавено на

часот

Сподели

Весникот „Ел Конфиденсиал“ објави аудио снимки за кои се верува дека датираат од 2006. Во нив, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез плука по легендарните Раул Гонзалес и Икер Касиљас.

Првиот човек на „кралевите“ веднаш реагираше, вели дека изјавите се ивадени од контекст. Тој исто така е изненаден од тајмингот на објавата и верува дека некој се обидува да го оцрни поради тоа што се обидува да создаде Европска Супер Лига.

„Изјавите кои денеска беа објавени се од разговор кој тајно беше сниман од (новинарот) Хосе Антонио Абељан, кој бесуспешно се обидува да ги продаде со години, па изненанден сум што сега беа објавени од весникот „Ел Конфиденсиал“ иако поминаа многу години“ – вели Флорентино Перез.

„Се работи за изолирани фрази извадени од контекст. Верувам дека сето ова е поврзано со мојата улога како еден од промоторите на Европската Супер Лига“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ