Еурофарм Пелистер лошо ја почна сезоната во Европската лига, одигра катастрофално во најголемиот дел од мечот и само благодарение на финишот успеа овој пораз да не се нарекува и дебакл.
Ним доминираше во најголем дел од мечот, во еден период имаше водство и од десет голови разлика. Во 41. минута беше 19-9 за францускиот тим. До крајот на мечот гостинот даде 7 гола, Пелистер 12, па се избори за нормална негатива.
Стипе Мандалиниќ потроши најмногу топки и постигна најмногу голови, седум од 12, Елмир Граѓан постигна пет од пет, а Рениер Табоада додаде четири. Кизиќ и Секељ заедно имаа пет интервенции, наспроти херојот на мечот, Десбоне кој запре 13 удари на Е. Пелистер и постигна три погодоци. Најефикасен негов соиграч беше Египќанецот Мохамед Санад со седум гола.
Во следното, второ коло, „пелистерци“ играат на гости кај Кадетен, на 26 октомври.






