Елмас не можеше да посака подобар старт на сезоната, не само што постигна гол туку е единствениот од Наполи кој се најде во тимот на колото од Серија А.
Голман е Руи Патрисио, во одбраната се Лацари, Паломино, Шкрињар и Хисај. Во средниот ред е Елмас заедно со Чалханоглу, Закањи и Педро, во нападот се Дибала и Џеко.
Ова признание е уште поважно ако се знае дека тимот на колото го креираше „WhoScored.com“, сајтот со најголема и најдетална фудбалска статистика поддржан од Опта.







