Македонија се подготвува за претпоследната рунда од квалификациите за мундијалот во Катар, пред „црвено-жолтите“ се два дуели, во петок гостуваме кај аутсајдерот Лихтенштајн а потоа на 11. октомври го пречекуваме првиот фаворит во групата, Германија.
„Мораме да го добиеме мечот со Лихтенштајн за да останеме во игра за пласман на Светското првенство“ – вели Елиф Елмас. „Се подготвуваме добро и се надевам дека ќе се вратиме со три бода од гостувањето во Вадуц. Треба да одиграме како што ќе каже селекторот, како и на претходните натпревари, но секако треба да поправиме неколку елементи во играта, не само реализацијата“.
„Не чека тежок меч, знаеме дека Лихтенштајн игра добар дефанзивен фудбал и е многу компактен и квалитетен тим“.
„За нас и двата натпревари се важни, не гледаме на Лихтенштајн како на тест пред Германија. Гледаме да ги освоиме сите шест бода ако сме во можност, но нема да биде лесно. И Лихтенштајн е тежок противник, а Германија ќе биде уште потежок противник. Наше е да го одиграме тоа што ќе го каже селекторот и тоа што знаеме и умееме, и се надевам дека од двата меча ќе извадиме максимум“.
Минатиот месец, Македонија имаше три натпревари во квалификациите за СП и на трите одигравме реми, па сега сме на четвртата позиција на табелата со бод помалку од Романија, два од Ерменија и шест зад лидерот Германија.
Фото: ФФМ






