Елмас беше стартер на мечот и одигра до 92. минута кога беше заменет, Горан Пандев во игра влезе на почетокот од второто полувреме.
Резултатот беше отворен во 39. минута кога Руиз постигна прекрасен гол од далечина.
По девет минути игра во второто полувреме Пандев даде гол, но по прегледување на снимките погодокот му беше поништен поради фаул врз голманот.
Во 69. минута Камбијасо даде гол за Џенова за 1-1. Но во 84. минута Петања даде гол за победа на Наполи од 2-1.






