среда, 22 април 2026

Досадно островско дерби, Англија и Шкотска одиграа без голови (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Англиската репрезентација важи за еден од фаворитите на ова Европско првенство, но нивната игра во првите две кола не е на тоа ниво.
 
По минималната победа над Хрватска во првото коло, денеска одиграа само 0-0 против селекцијата на Шкотска.
 
Најдобрата шанса на натпреварот ја имаше Џон Стоунс кој со глава ја погоди стативата од голот на Гордон. 
 
Шкотланѓаните беа рамноправен противник, имаа свои периоди во кои создаваа шанси, но не ја искористија бледата игра на противникот за да дојдат и до трите бода.
 
По две одиграни кола Чешка е прва во групата со четири бода колку што има и Англија но со послаба гол разлика, Хрватска и Шкотска имаат по еден бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ