недела, 26 април 2026

Донарума го губи трпението: Секоја почит за Навас, но во ПСЖ дојдов за да бранам!

Објавено на

часот

Сподели

Во првите натпревари од новата сезона, Кејлор Навас е првиот избор на Покетино, на мечот со Брест Донарума беше на клупата за резерви.
 
ПСЖ има два супер голмани и кој и да биде резерва нема да се помири со таквата улога, тоа е и ризикот кога имате многу ѕвезди во тимот.
 
„Сакам да бидам еден од најдобрите голман во светот. Дојдов во ПСЖ за да бранам. ПСЖ ме бараше мене и ме сакаше, и јас го сакав ПСЖ“, вели Донарума.
 
„Конкуренцијата не ме плаши. Кејлор е голем голман, но јас сум тука за да бранам. Конкуренцијата е добра и може да влијае позитивно“.
 
„Дојдов тука за да бранам, па ќе го дадам најдоброто од мене за да станам стартер, подготвен сум“.
 
„Нема да има проблеми, Кејлор е одлична личност, ние сме пријатели, па нема проблеми, конкуренцијата е нормална во големи клубови“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ