Откако Премиерлигата и пониските лиги во Англија се силно удредни од новиот сој на ковид-19 и се размислува за прекин на првенството, се погласни се барањата фудбалерите да се вакцинираат.
Трој Дини во колумна за Сан сподели детали за своето искуство со ковид-19, откри дека завршил во болница и четири дена бил на механичка вентилација. Тој исто така раскажа и какви дебати се водат во соблекувалната.
„Поминав четири дена во болница на механичка вентилација кога закачив ковид-19, пролета во 2020 година. Имам соиграч во Бирмигем, Нил Етериџ, кој за малку ќе умреше поради вирусот“ – почнува Трој Дини.
„Сега имам примено две дози и се чувствувам побезбедно“.
„Не ме изненадува тоа што го пишуваат медиумите за бројката, односно дека 25% од фудбалерите во пониските лиги немаат намера да се вакцинираат“.
„Ние фудбалерите разговараме за ковид-19, во соблекувалната е исто како во паб. Има група на фудбалери кои сериозно водат дебата, додека некои други не сакаат да бидат инволвирани“.
„Кога пристигнав во Бирмингем, се водеа долги разговори за вакцинација, на моменти дебатата беше прилично жешка“.
„Некои играчи, како добар дел од младите луѓе, веруваат дека не треба да се вакцинираат бидејќи се физички подготвени и здрави“.
„Некои играчи, како добар дел од општеството, се под влијание на страшни приказни и теории на заоговор на социјалните мрежи и интернетот“.
„Исто така сметам дека добиваме мешани пораки од Премиерот кога станува збор за ковид-19. Преферирам да ги слушам експертите и научниците“.
„Јас сум вакциниран со две дози, и мислам дека ова е правиот чекор. Но мислам дека треба да го почитуваме личниот избор на секого“.
„Во Бирмингем, околу 20 фудбалери се вакцинирани, додека помала група, би рекол околу пет фудбалери, не сакаат да се вакцинираат. Имавме дебата, дојдовме до степен да прашаме, „Дали нема да имаме никаков контакт со невакцинираните?“ На крајот едногласно се согласивме дека нема да го правиме тоа, оние кои не сакаат да се вакцинриаат имаат право на сопствен избор“.






