Во јануари, Чави ќе почне да го крои тимот по свој мерак но за да пристигнат нови имиња, Барселона ќе треба да се ослободи од неколку фудбалери.
Според АС, тренерот на „каталонците“ веќе ја креирал листата за отстрел и одредил пет фудбалери на кои нема да смета во иднина и тие не се дел од неговиот проект.
Весникот вели дека на списокот се нашле Филипе Кутињо, Самуел Умтити, Лук де Јонг, Сержињо Дест и Јусуф Демир.






