Хакан Чалханолгу прави предавство, од „црвено-црната“ половина на Милано се сели во „црно-сината“ половина. Неколку извори од Италија пренесуваат дека фудбалерот од средниот ред си подал рака со Интер за тригодишна соработка.
Се работи за договор вреден 5 милиони евра по сезона, плус еден додатен милион во бонуси и сега останува да се испеглаат уште деталите и да се извршат лекарските прегледи кои се закажани за утре.
Милан на Хакан Чалханоглу му нудеше плата од 4 милиони евра по сезона за да продолжи на Сан Сиро, „росонерите“ исто како во случајот со Џиџо Донарума одбија да наддаваат со ривалите и одбија да го зголемат предлогот.
Актуелниот договор на Турчинот, кој истекува на 30. јуни, е вреден околу 2,5 милиони евра по се зона, па преселбата во Интер ќе значи речиси три пати поголема плата.






