сабота, 25 април 2026

Брегот на Слоновата Коска ја исфрли Германија од Олимписките игри

Објавено на

часот

Сподели

Германија важеше за фаворит за пласман во четвртфиналето, но не успеа да ја помине ниту групната фаза.
 
Денеска одиграа 1-1 против Брегот на Слоновата Коска. Африканците поведоа со автогол на Хенрих во 67. минута, израмн Ловен со прекрасен гол од слободен удар, но Германците не успеаа да дојдат до победа која им беше неопходна.
 
Во оваа група Бразил ја победи Саудиска Арабија со 3-1, два гола беа дело на Ришарлисон, еден на Куња.
 
Бразил го освои првото место во групата со седум бодови, Брегота на Слоновата Коска е втор со пет бода. Германија со четири и Саудиска Арабија без бодови ја завршија Олимпијадата.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ