Академија Пандев добро влезе во натпреварот во Штип, поведе со гол на Велиновски во 17. минута, со тој резултат се заврши првото полувреме.
Во 66. минута Брегалница со гол на Ескиќ изедначи на 1-1, но само седум минути подоцна Мирчевски го врати водството на Академија Пандев.
Сепак финишот беше во знакот на домаќинот, Ѓокиќ во 83. минута израмни на 2-2, а Алтипармаковски во 93. погоди за голема победа на Брегалница од 3-2.
Шкендија се спасуваше од пораз на гостувањето кај Пелистер. Тетовскиот тим поведе со гол на Рамадани во 9. минута, но со погодоци на Јуфо во 39. и 62. од пенал, Пелистер направи комплетен пресврт. Шкендија во 77. минута со нов гол на Рамадани дојде до реми.
Шкупи со убедливи 4-1 го победи Скопје. Два гола даде Адетунџи, по еднаш погодија Радески и Хамиди. Со овие три бода Шкупи се качи на врвот со ист број на бодови како и Академија Пандев но со подобра гол разлика.
Трета е Струга ТЛ која одигра 1-1 кај Тиквеш, домаќините поведоа со гол на Христов во 10. минута, израмни Скендери во 80. минута.
1-1 заврши и дуелот меѓу Ренова и Работнички. Домаќините поведоа преку Селмани во 25. минута, Марио Станковски десет минути подоцна го изедначи резултатот.
Македонија Ѓорче Петров соо 3-2 го совладаа Борец. Адем постигна хет-трик за домаќините, Трајковски ги даде двата гола за Борец.
Табела по 5. коло:
1. Шкупи 10
2. Академија Пандев 10
3. Струга 9
4. Македонија ЃП 9
5. Ренова 8
6. Работнички 8
7. Брегалница 7
8. Шкендија 6
9. Скопје 5
10. Борец 4
11. Тиквеш 2
12. Пелистер 1






