Членот на семејството кое го води ПСЖ, Калифа Бин Хамад Ал-Тани прв го најави трансферот на Меси на социјалните мрежи, а сега има друго нешто да каже.
Шеикот објави слика од Меси и Роналдо и напиша: Можеби?
Ова можеби е најава за новата голема трансфер бомба, Кристијано Роналдо во ПСЖ.
Се поголеми се шпекулациите дека Мбапе ќе оди во Реал Мадрид, а на негово место во ПСЖ ќе дојде Кристијано Роналдо.
Досега ваквите сценарија ги пишуваа медиумите, а ова е првпат да доаѓа од член на фамилијата која го води ПСЖ.
Можеби ќе треба да се подготвиме за сезона во која Меси и Роналдо ќе играат заедно.
Quizás ?
Maybe ?
Peut-être ? pic.twitter.com/qHMIgHmYcV— خلـــيفة بـــن حمـــد آلــ ثانــــــي (@khm_althani) August 24, 2021






