понеделник, 4 мај 2026

Без победник на големото дерби меѓу Севиља и Барселона (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Севиља и Барселона одиграа по дождливо време, тимот на Чави половина час играше со фудбалер повеќе но не го искористи тоа.
 
Севиља дојде во водство во 32. минута со гол на Папу Гомез по едно додавање од корна по земја на Ракитиќ.
 
Пред самиот крај на првото полувреме Араухо реализираше со глава за 1-1.
 
Во вториот дел Севиља тргна кон победа, но ги пресече црвениот картон на Коунде кој падна на провокацијата на Жорди Алба и го удри намерно со топка.
 
Откако остана Севиља со играч помалку се фокусираше да го сочува резултатот, а Барселона се обиде да дојде до целиот плен.
 
Одлична шанса за тоа да се случи имаше Дембеле кој ја погоди стативата од голот на Боно.
 
На крајот се чини дека нерешениот резултат беше најреален.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ