недела, 26 април 2026

Бекам имал состанок со Меси, го кани да ја заврши кариерата во Интер Мајами

Објавено на

часот

Сподели

„Мирор“ излезе со сторија дека Дејвид Бекам разговарал со Меси за негов ангажман во Интер Мајами каде Аргентинецот би ја завршил кариерата.

Според англискиот медиум, Меси пред извесно време бил во Мајами каде купувал луксузен имот, а таму имал средба со Дејвиид Бекам.

Бекам кој кариерата ја заврши токму во ПСЖ, му понудил на Меси во иднина кога ќе ја заврши авантурата во Франција, да се приклучи на Интер Мајами.

Повеќе пати се зборувало дека при крајот на кариерата Меси би можел да замине во МЛС, па нема да биде изненадување ако го прифати повикот од Бекам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ