Миралем Пјаниќ цело лето се поврзуваше со заминување од Барселона, Јувентус и неколку други клубови од Качлото пројавија интерес, но до трансфер не дојде. Се очекуваше Босанецот да остане на Камп Ноу откако преодниот рок во најголемиот дел од земјите заврши на 1. септември.
Сепак постојат шанси Барселона да се ослободи од Миралем Пјаниќ. Добро упатениот новинар Туна Акдемир откри дека Бешикташ прави сериозен напор да го донесе фудбалерот од средниот ред.
Потоа се огласи и новинарот Фабрицио Романо, кој објави дека Барселона и Бешикташ се договориле за едногодишна позајмица и сега останува уште Миралем Пјаниќ да пронајде заеднички јазик ос „црно-белите“ од Истанбул.






