понеделник, 27 април 2026

Барселона понудила трампа Гризман за Феликс, Атлетико доставил контра предлог

Објавено на

часот

Сподели

Летниот преоден рок треба да заврши за неколку часа, не се очекува некој голем трансфер но има мали шанси за една или две „бомби“.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона доцна синоќа стапила во контакт со Атлетико Мадрид и побарала позајмица на Жоао Феликс.

„Колчонероси“ веднаш одговориле негатино, но „каталонците“ на маса ставиле нова идеја, клубот од Камп Ноу го понудил Антоан Гризман во замена за Жоао Феликс.

Двата клуба продолжуваат со преговорите а последните информации велат дека Атлетико Мадрид доставил контра предлог. Шампионот на Шпанија сака да го врати Антоан Гризман во своите редови, но не и да се раздели со Жоао Феликс, па како опција е Саул Нигез.

Останува да се види дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик во следните часови и ќе договорат некаква зделка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ