понеделник, 4 мај 2026

Анчелоти не може да смета на дури 11 фудбалери за дуелот со Атлетик Билбао

Објавено на

часот

Сподели

Поради коронавирус Анчелоти од претходно знаеше дека нема да може да смета на Модриќ, Марсело, Родриго, Бејл, Асенсио и Лунин, кои го пропуштија и дуелот со Кадиз.

Но, на листата на позитивни се приклучија и Давид Алаба и Иско, и тие ќе го пропуштат дуелот против Атлетик Билбао.

Но, тоа не се сите отсутни, поради мала повреда нема да биде во комбинација ниту Дани Карвахал, а Дани Себаљос уште не е подготвен по повредата на зглобот. 

Нема да игра ниту Касемиро кој е суспендиран.

Тоа значи дека Азар повторно ќе добие шанса да го почне натпреварот, а како централен дефанзивец се очекува да стартува Начо Фернандез.

Составот на Реал Мадрид за вечерва кој го предвидуваат шпанските медиуми: Куртоа, Менди, Милитао, Начо, Васкез, Камавинга, Крос, Валверде, Винисиус, Азар и Бензема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ