четврток, 23 април 2026

Алиоски се најде во идеалниот тим на Би-Би-Си за групната фаза од ЕП (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Идеалниот тим на Би-Би-Си го бираа навивачите кои можеа да гласаат на сајтот на британскиот медиум, да ги оценуваат играчите од 1 до 10 за време на натпреварите.
 
Алиоски не само што се најде во тимот, туку тој севкупно има втора највисока оценка, 8,19, од него подобро е оценет само Кевиин Де Брујне со 8,36. Сите други имаат под 8.
 
Формацијата на тимот е 3-4-3. Голмана е Шмајхел, во одбраната се Спинацола, Кјаер и Алиоски, во средниот ред се Клих, Де Брујне, Вајналдум и Локатели, а напаѓачкото трио го сочинуваат Имобиле, Лукаку и Исак.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ