Јувентус кој треба да атакува на Скудетото, загуби пет бода во првите две кола. Синоќа тимот на Алегри имаше многу бледо издание против Емполи, не само што го загуби туку не успеа ниту да воспостави доминација против повратникот во Серија А.
Ова беше и прв натпревар за Јувентус по заминувањето на Кристијано Роналдо.
„Кристијано помина три години во Јувентус, постигнуваше голов, што е многу добро, тој е исклучителен фудбалер, но не можеме уште да мислиме на Роналдо. Имам добар состав, но мора да сфатиме дека не можеме да доминираме на секој натпревар. Оптимист сум како и секогаш“, вели Алегри.
„Тешките моменти ќе ни помогнат да напредуваме, мора да ги поедноставиме работите, да бидеме сплотени, многу од фудбалерите направија грешки кои вообичаено не ги прават“.
„Сфативме што не требаш да правиме во Удине, овојпат научивме друга лекција од Емполи. Јасно, загубивме пет бода, но треба да ги научиме лекциите од овие два натпревари и да продолжиме понатаму“.






