сабота, 25 април 2026

Завршија Олимписките игри, САД со најмногу медали си оди од Токио

Објавено на

часот

Сподели

САД е земјата која не само што освои најмногу златни медали на Олимписките игри во Токио, туку освои и најмногу медали воопшто.
 
Американците на крајот си одат со 39 златни медали, 41 сребрен и 33 бронзени.
 
По нив е Кина со 38 златни медали, останатите селекции се далеку. Трета нација е домашната, јапонската со 27 златни медали.
 
Меѓу најдобрите десет се Велика Британија, Русија, Австралија, Холандија, Франција, Германија и Италија.
 
Македонија е на 77. место со освоен еден сребрен медал.
 
Хрватска освои осум медали од кои три златни, три сребрени и два бронзени. Девет медали освои Србија, три златни, еден сребрен и пет бронзени.
 
Бугарија и Словенија исто така освоија по три златни медали, Бугарите имаат и едно сребро и две бронзи, Словенците по едно сребро и една бронза.
 
Косово има два златни медали, Грција има две златни, еден сребрен и еден бронзен медал.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ