Илјадници посетители од трите соседни земји беа дел од оваа традиционална манифестација, која уште еднаш ја потврди својата улога како симбол на добрососедството, меѓусебната почит и заедничкото културно наследство.
Во празнична атмосфера, исполнета со народни носии, традиционални ора, песни и искрено дружење, посетителите уживаа во богатата културно-уметничка програма. Со настапот на Адријана Алачки, која со интерпретација на македонски, бугарски и српски песни создаде незаборавна атмосфера, додека програмата ја водеше Раде Рогожаров.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека ваквите средби имаат непроценливо значење за зачувување на традицијата и зајакнување на пријателските односи меѓу народите.

„’Краиште’ не е само традиционална средба, туку место каде што со години се градат искрени пријателства. Денес повторно покажавме дека песната, орото и почитта кон традицијата ги зближуваат луѓето повеќе од сè. Горд сум што годинава Крива Паланка беше домаќин на една ваква прекрасна средба и што заедно испративме порака дека добрососедството, почитта и човечноста се вредности што треба да ги негуваме и да им ги оставиме на идните генерации.“

Традиционалната трилатерална меѓународна погранична средба „Краиште“ и годинава уште еднаш ја потврди својата мисија, да ги поврзува луѓето преку традицијата, културата и пријателството, испраќајќи силна порака дека вистинските вредности секогаш ги надминуваат границите.





