недела, 26 април 2026

Србија го одбрани олимпиското злато во ватерполо, победа над Грција во финалето

Објавено на

часот

Сподели

Србија бавно го почна олимпискиот турнир, но како одминуваа натпреварите играа се подобро и подобро. Денеска Грците на своја кожа ја почувствуваа силата на Србите.
 
Србија одлично влезе во финалето, првата четвртина ја доби со 6-3, но потоа Грција почна да игра, втората четвртина им припадна нив со 4-2, на одморот се замина со водство на Србите од 8-7.
 
Во третата четвртина Грција успеа да изедначи, а имаше напади и за водство, сепак Србија ја зачува предноста од еден разлика со која влезе во последниот период. Во тој направи уште два разлика за победа од 13-10.
 
Србите сосема заслужено се радуваат на Олимпиското злато, а Грција може да биде среќна со среброто бидејќи тоа е и нивниот најголем успех на олимпијадите.
 
Бронзата ја освои Унгарија која во битката за третото место ја победи Шпанија со 9-5.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ