сабота, 25 април 2026

Нуров загуби во четвртфиналето, мали се шансите за медал

Објавено на

часот

Сподели

Магомедгаџи Нуров кој настапуваше во борење слободен стил во категоријата до 97 килограми, загуби со 6-4 во четвртфиналето од Кубанецот Ринерис Салас Перес.
 
Нуров беше фаворит во оваа борба, но не ја оправда таквата улога, Македонскиот борач на стартот од борбата имаше одличен зафат, но кубанскиот борач изведе против акција и доби 4 поени. 
 
Во втората рунда со два одлични зафати Нуров доби двапати по два поени и изедначи на 4-4.
 
На околу 20-ина секунди пред крајот на борбата Нуров тргна во акција, но повторно кубанскиот борач изведе против зафат и доби два поени кои му беа доволни да извојува победа против најдобриот македонски борач.
 
Доколку Кубанецот се пласира во финалето, Нуров ќе добие меч во репесаж и ќе се бори за медал, но шансите за тоа не се големи.
 
Претходно, Нуров за да дојде до четвртфиналето го победи Мохамед Садауаи со 5-0.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ