Шпанскиот тениски ас, реши да ја прекине сезоната и да стави крај на повредата со која подолго време се мачи.
„Страдам повеќе отколку што треба со моето стопало повеќе од една година и ми е потребно некое време да ја санирам повредата“, изјави Надал.
Надал претходно се откажа и од Вимблдон и Олимписките игри, а неговото отсуство ќе продолжи до крајот на годината што значи дека нема да настапи ниту на УС Опен.






