среда, 14 мај 2025

Израел истрела ракети врз цели во Појасот Газа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска денеска соопшти дека погодила цели во Појасот Газа, еден ден откако милитантите од јужен Либан и Газа истрелаа ракети врз Израел.

Според АП, воздушните напади се случиле во време кога највисоките израелски безбедносни функционери се состанувале за да разговараат за одговор на гранатирањето на земјата.

Агенцијата потсетува дека инцидентот во ерусалимската џамија ал-Акса во почетокот на неделата, кога израелската полиција упадна во џамијата и ги претепа Палестинците што беа таму, доведе до повторно ракетирање од правец на Газа, откако вчера беа истрелани околу 30 ракети од Газа и Либан кон Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ