вторник, 9 јуни 2026

За појадок се препорачуваат три намирници што ви даваат сила за цел ден

Дали појадокот е најважниот оброк во денот или е сосема непотребен? Мислењата се поделени, но Инго Фробез, професор на Германскиот спортски универзитет во Келн, има јасен став за тоа како треба да изгледа идеалниот појадок.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Тој откри три едноставни рецепти кои му обезбедуваат на организмот важни хранливи материи наутро.

„Појадокот пред сè треба да нè засити и да ни даде енергија за денот“, објаснува Фробез.

Препорачува внесување на сите макронутриенти во соодветен сооднос – јаглехидрати, масти и протеини. Како што објави германскиот портал Чип, добра идеја е да го започнете денот со голема чаша вода, дури и пред кафето или чајот, за да ги надополните изгубените течности во текот на ноќта.

За почеток на денот, Форбез особено препорачува овесна каша, леб од цело зрно, банани, урда, јајца, овошје, јаткасти плодови, авокадо, путер и лосос.

Печени овесни снегулки

Иако може да звучи необично, тоа е добро избалансиран оброк. Наместо да се подготвува во тенџере, овесната каша се пече во рерна. Нивната предност е високата содржина на растителни влакна и протеини, што придонесува за подолго чувство на ситост.

Кајгана со домати и интегрален леб

За оние кои сакаат да се заситат од појадокот, се препорачува кајгана. Лебот од цело зрно е богат со растителни влакна, минерали и витамини од групата Б, кои придонесуваат за нормално варење. Јајцата се одличен извор на протеини и содржат витамини А, Д, Е и К.

Кето омлет со авокадо

Кето омлет со авокадо, сечкана шунка и печени бадеми содржи здрави омега-3 масни киселини и околу 24 грама протеини по порција. Авокадото се издвојува особено по содржината на фолна киселина, витамин К и калиум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ