Скелетот на овој вид, наречен „Хуајракурсор јагуенсис-Huayracursor jaguensis“, бил откриен од палеонтолошки тим од Конисет, аргентински јавен истражувачки институт, на надморска височина од 3.000 метри во северозападната аргентинска покраина Ла Риоха.
Откритието е објавено во списанието Нејчр.
Видот живеел на крајот од тријасот, геолошкиот период во кој се појавиле првите диносауруси и предците на цицачите, велат истражувачите во соопштението.
„Проценуваме дека Хуајракурсор мора да е стар помеѓу 230 и 225 милиони години, што го прави еден од најстарите диносауруси во светот“, објасни Агустин Мартинели, еден од авторите на статијата.
Проценуваме дека Хуајракурсор мора да е стар помеѓу 230 и 225 милиони години.
Откриениот диносаурус би можел да припаѓа на вид тревопасни животни што вклучуваат џиновски тероподи со долг врат. Истражувачите велат дека возрасниот примерок бил долг околу два метра и тежел околу 18 килограми.
Пронајдениот скелет се состои од делумен череп, целосен ‘рбет што се протега до опашката и речиси целосни предни и задни екстремитети.
Авторите на статијата веруваат дека овој фосил ќе стане репер за проучување на еволуцијата на диносаурусите, благодарение на фактот дека е пронајден речиси во целост.






