среда, 3 јуни 2026

Дејвид Бекам ќе добие ѕвезда на Холивудската патека на славните

Англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам ќе добие ѕвезда на Холивудската патека на славните, додека САД ги одбројуваат деновите до Светското првенство, чиј домаќин е заедно со Мексико и Канада.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Плочата на 51-годишниот поранешен капитен на Англија на познатиот Холивуд булевар во Лос Анџелес ќе биде откриена на 12 јуни, пред првиот натпревар на турнирот на американско тло помеѓу САД и Парагвај, кој ќе се игра во Инглвуд подоцна истиот ден.

„Ѕвездата на Бекам на Холивудската патека на славните во категоријата Спортска забава доаѓа во вистинско време додека Соединетите Американски Држави се подготвуваат да бидат домаќини на Светското првенство во фудбал“, изјави Ана Мартинез од Трговската комора на Холивуд.

Таа додаде дека Бекам одиграл голема улога во подигнувањето на профилот на фудбалот во Америка и дека оставил траен впечаток врз спортот, забавата и глобалната култура, пренесува Дојче веле.

Тој ќе биде 2.849-та ѕвезда на Холивудската патека на славните, придружувајќи им се на познати личности како Мајли Сајрус и Елвис Присли, како и на спортисти како Мухамед Али. За да добие ѕвезда, лицето мора прво да биде номинирано во категории што опфаќаат работа во филм, телевизија, радио и театар.

Ѕвезда на Холивудската патека на славните е едно од најновите признанија на листата на почести што Бекам ги добил во текот на својата кариера. Кон крајот на минатата година, тој беше прогласен за витез во замокот Виндзор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ