„Во трговијата на мало во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално опаѓа за 0,8 проценти, а реално за 7,1 процент; трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 12,1 процент, а реално за 7,6 проценти; трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5,7 проценти, а реално за 0,1 процент и трговија на мало со автомобилски горива опаѓа реално за 1,5 проценти, а номинално за 0,8 проценти“ се вели во извештајот на ДЗС.







