недела, 24 мај 2026

Повик за органодарителство, со едно „да“ може да спасите живот (ВИДЕО)

Во рамки на националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, научниот соработник Александрa Гавриловска Брзанов, заменик национален координатор за трансплантација, упатува силна порака за поддршка на органодарителството.

д-р Александрa Гавриловска Брзанов

Објавено на

часот

Сподели

„Со едно ‘да’ можеме да спасиме повеќе човечки животи, органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој поединец“, вели таа.

Трансплантацијата на органи им овозможува на примателите да не се зависни од фамилиите, да придонесуваат во заедницата и да го менуваат општеството на подобро, посочува д-р Гавриловска Брзанов, упатувајќи посебна благодарност до семејствата, кои во најтешките моменти на болка и загуба, одлучиле да ги донираат органите на своите блиски, покажувајќи исклучителна емпатија и хуманост.

Министерството за здравство во рамки на националната кампања за унапредување на органодарителството продолжува со активности за подигнување на свесноста кај граѓаните да се изјаснат како органодонори и со тоа да остават дел од себе кој ќе продолжи да живее.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ