среда, 1 јули 2026

Зајкова: Ако не се разјасни контролата на електронското гласање, изборите би можеле да се сведат на „бел лист хартија“

Претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова, смета дека доколку не се разјасни целосно процесот на контрола на електронското гласање, изборниот процес би можел да се сведе на „гласање на бел лист хартија“.

Објавено на

часот

Сподели

Во гостување во централниот Дневник на МРТВ, Зајкова истакна дека не го оспорува правото на дијаспората да гласа по електронски пат, но предупреди дека предложеното законско решение не смее да ги стави во понеповолна положба граѓаните кои живеат во Македонија.

„Не е спорно дали да гласа дијаспората електронски, апсолутно немам ништо против гласачкото право на дијаспората. Но, не можам како пратеник да дозволам граѓаните кои живеат тука да бидат во понепривилегирана и дискриминирачка положба. Со ова законско решение се укинуваат и избирачките места каде што има околу 10 жители, со што тие граѓани се ставаат во понеповолна положба“, рече Зајкова.

Таа оцени дека е недозволиво да не им се олесни остварувањето на избирачкото право на македонските граѓани кои живеат во странство и придонесуваат за државата, но нагласи дека истото право треба да им биде овозможено и на граѓаните кои живеат и придонесуваат во Македонија.

„Уставот гарантира еднаквост на правото на глас. Не може за некого да биде дозволено да гласа од дома, а други да треба да патуваат и по 20 километри до најблиското избирачко место за да го остварат своето уставно загарантирано право на глас“, истакна Зајкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ